Нови проблеми на Формула 1 викендот во Интерлагос. Вечерните квалификации по Европско време, наменети за утрешната трка, се откажани токму за недела изутрина поради огромното невреме кое што гп зафати регионот.
Поточно, се беше во ред до пред неколку часа, кога и се одржа „спринтот“ од трката, но кога дојде време да се возат квалификациите народски речено „небото се отвори“.
Врнежните од дожд беа премногу силни, квалификациите воопшто не започнаа,а ФИА дополнително ќе објави во колку часот утре ќе се одржат квалификациите.