По две ремија, конечно, Јуве славеше во Удине

27

По два натпревари без триумф, Јувентус вечерва успеа да ги грабне сите три бода од гостувањето кај Удинезе. Момците на Тиаго Мота славеа со 0:2 на „Фриули“ и тоа со два гола постигнати уште во првиот дел од мечот.

Окоје постигна автогол во 19 минута и им донесе предност на гостите од Торино, кои во 37. минута успеаја да погодат уште еднаш, овој пат преку Савона за 0:2.

Во вториот дел домашните се обидуваа да се вратат во игра, но Јуве успеа да ја задржи предноста за  петта сезонска победа која ги враќа на делба на 3. место на табелата.

ПретходноАмериканката Смит го собори рекордот и на 200 метри грбно
СледноПелистер им се врати на победите, но добро се измачи со Кожув! Втора радост за Куманово!