Тен Хаг со емотивно писмо се збогува со фановите на Јунајтед

179

Ерик тен Хаг пред неколку дена и официјално се раздели со Манчестер Јунјатед. Некој би рекол, на задоволство на многу навивачи на тимот, но холандскиот стручњак на тоа гледа некако поинаку.

Затоа Ерик тен Хег реши да им се обрати на навивачите на Манчестер Јунајтед со емотивно писмо на благодарност.

„Почитувани фанови,

Би сакал да ви се заблагодарам на почетокот. Ви благодарам што секогаш сте со клубот. Не беше важно дали играме на гости или на Олд Трафорд, вашата поддршка беше несомнена.

Атмосферата на Олд Трафорд отсекогаш била фантастична, ви благодарам. Го почувствувано тоа многу пати. Исто така, и на гостувањата, секогаш беше фантастично да ја слушаме вашата песна на стадионите на нашите ривали, и во Англија и во Европа или за време на нашите летни турнеи.

Отсекогаш уживав да се среќавам со навивачите на Манчестер Јунајтед ширум светот. Честопати имав можност да разговарам со навивачите во Англија, Европа, Азија и Америка за време на моите прошетки.

Ме инспириравте и ми дадовте силно чувство на припадност. Тоа е она што ги прави навивачите на Јунајтед толку посебни.

Сакам да ви се заблагодарам за тоа чувство и за вашата поддршка. Сакам да им се заблагодарам на сите соработници во сите сектори во клубот за безрезервната поддршка во добри и лоши времиња.

Освоивме два трофеи, тоа се достигнувања кои ќе ги негувам до крајот на мојот живот. Секако, мојот сон беше да донесам повеќе трофеи, но за жал на тој сон му дојде крајот.

На сите навивачи на Манчестер Јунајтед не им посакувам ништо друго освен успех, трофеи и слава. Вашата поддршка и топлото добредојде од сите во клубот ми помогнаа да се чувствувам како дома.

Ви благодарам за ова поглавје од мојот живот“, напиша Тен Хег.

ПретходноОд срцев удар почина првиот човек на данската ракометна федерација
СледноМлад српски фудбалер го загуби животот во трагедијата во Нови Сад