Техничкиот директор на Јувентус, Кристијано Џунтоли потврди дека во текот на зимскиот преоден рок клубот ќе се обиде да се засили со нов централен дефанзивец, со оглед на тешката повреда на Бремер, еден од стартерите на тимот.
Џунтоли објави дека дефанзивец секако е опција, но и резерва за Душан Влаховиќ во нападот.
„Дефанзивец многу веројатно, а што се однесува до нападот мислам дека можеме да користиме други играчи на позиција централен напаѓач, вклучувајќи го и Кенан Јилдиз. Имаме алтернативи и веруваме дека Милик ќе може да придонесе откако ќе се врати на теренот. Повредата на Бремер дефинитивно беше удар, но имаме некои пристојни решенија во составот. Имавме неколку проблеми со ротацијата со оглед на повредите, прокоментира Џунтоли.