Американката Смит го собори рекордот и на 200 метри грбно

30

Американската пливачка Реган Смит е нов светски рекордер на 200 метри грбно.

За само два дена Смит постави два нови светски рекорди. Откако постави магично време од 54.27 на 100 метри грбно , Смит блесна и на трката на 200 метри НА Светскиот куп во Сингапур.

Таа ја заврши трката со фасцинантни 1:58,83, што сега е нов светски рекорд – 0,11 секунди побрзо од рекордот кој важеше од ноември 2020 година и го држеше Кајли МекКеон. Второто место на трката го зазеде Анастасија Шкурдаи (2:01.63), додека трета Јона Андерсон (2:01.98).

ПретходноВардар 1961 со фуриозен финиш го среди Охрид (ФОТО)
СледноПо две ремија, конечно, Јуве славеше во Удине