Аморим: Од Манчестер Ј. ми рекоа – сега или никогаш!

173

Рубен Аморим проговори за преговорите со Манчестер Јунајтед. Португалскиот стручњак, кој го предводи Спортинг, вчера беше назначен на местото главен тренер на англискиот клуб кому ќе му се приклучи на 11 ноември.

„Моето единствено барање беше трансферот да се случи на крајот на сезоната, но Манчестер Јунајтед ми кажа дека тоа не е можно – или сега или никогаш. Разбрав дека ако одбијам, тогаш за шест месеци нема да ја добијам оваа работа. И знаев дека за шест месеци ќе го напуштам Спортинг. На почетокот на сезоната имав разговор со претседателот на Спортинг и му кажав дека што и да се случи, ова е мојата последна сезона во клубот“, вели Аморим.

ПретходноПрв пораз на Сити, шампионски пресврт на Ливерпул за победа и лидерско место (ВИДЕО)
СледноЗоолошката градина во Неапол го нарече јагуарот по Лукаку! (ФОТО)