Андреа Седлоска: Мојот татко е мојот извор на инспирација и гордост!

1320

Македонската женска ракометна репрезентација одбројува до стартот на Европското првенство кое од 28. ноември до 15. декември ќе се одржи во три земји: Австрија, Унгарија и Швајцарија.

Нашите ракометарки ќе играат во Дебрецин, а во групната фаза силите ќе ги одмерат против Унгарија, Шведска и Турција.

21-годишната Андреа Седлоска која имаше главна улога низ квалификациите и постигна 23 гола се најде во центарот на вниманието во ЕХФ. Од левиот бек исто се очекува да блесне во „црвено-жолтиот“ дрес и на ЕП.

Седлоска вели дека ги чека голем предизвик во Дебрецин.

„Да се биде во група со Шведска, Унгарија и Турција е навистина голем предизвик, но ние сме цврсто решение да го дадеме најдоброто од себе, целиме кон позитивни резултати. Шведска е позната по дисциплинираната и силна игра, има добар тим и игра цврсто во одбрана. Ќе мора да бидеме високо конкурентни и да останеме максимално фокусирани.

Унгарија има богата традиција и страсни навивачи, ќе мора да бидеме на ниво во текот на целиот меч и многу рано да го воспоставиме нашиот ритам.

Што се однесува до Турција, тие направија голем напредок во последните години“, Седлоска ја анализира групата за ЕХФ.

Левиот бек очекува поддршка од трибините. На сите добро им се познати македонските навивачи, а според неа тие ќе бидат главен играч на ЕП 2024 во нашиот табор.

„Поддршката од трибините ќе има големо влијание на мотивацијата. Македонските навивачи се познати по нивната страст и поддршка, што пак ни дава дополнителна енергија на теренот. Нивната уникатна атмосфера ќе ја зајакне нашата самодоверба“.

Неизбежно беше и прашањето на нејзиниот татко Гоце Седлоски, поранешен македонски репрезентативец, познато фудбалско име и во играчите денови и сега како тренер.

„Многу ми значи што имам татко кој има успешна кариера како македонски фудбалер. Тој е мојот извор на инспирација и гордост.

Неговата посветеност и достигнувања ме мотивираат да се стремам кон извонредност во мојара кариера. Секако чувствувам и притисок, но јас на тоа гледам како позитивен предизвик, а не како на товар.

Сакам да биде достоен претставник на македонскиот национален тим и да придонесам за нашиот успех на меѓународна сцеба. Патувањата на мојот татко ме потсетуваат напорната работа, упорноста и страста моѓат да донесат големи нешта“.

Целото интервју можете да го прочитате на следниот ЛИНК. 

ПретходноИН МЕМОРИАМ: Почина Јове Магдески, прилепскиот фудбалски велемајстор
СледноКобна грешка на Бањаја, Мартин на чекор до титулата! (ВИДЕО)