Попладнево се одиграа сите осум средби од 11.коло во ВМФЛ. Во дербито, кое се играше во Ѓорче, Македонија ЃП просто ја декласира Брегалница со 3:0 и одново по пауза од едно коло го запоседна врвот на табелата.
Размоски, Стопилов и Софијаноски беа стрелците за “лавовите“ кои денеска покажаа дека и тоа како имаат квалитет за експресно враќање во елитата.
Охрид – Скопје 1:1, со што е запрена победничката серија на охриѓани. Треба да се каже дека тие со гол во 90+6.минута се спасија и од пораз. Ова е голем бод за нив ако се знае дека “пиратите“ имаа водство од 31.минута.
Победа му нанесе вистинска катастрофа на Вардарски, мечот заврши со 6:2 за домашниот состав од Прилеп.
Арсими со 2:1 славеше против Детонит, а Вардар (Н) како гостин го победи Борец со 1:2.
РЕЗУЛТАТИ -11.КОЛО
Арсими – Детонит 2:1
Башкими – Осогово 5:1
Беласица – Кожув 0:0
Борец – Вардар (Н) 1:2
Македонија ЃП – Брегалница 3:0
Новаци – Саса 0:1
Охрид – Скопје 1:1
Победа – Вардарски 6:2
ТАБЕЛА
Македонија ЃП 26, Башкими 26, Брегалница 24, Арсими 23, Охрид 20…