Дерби во СЦ „Јане Сандански“: Вардар 1961 и ГРК Охрид во битката за второто место!

546

Денеска ќе се одиграат уште три меча од десетото коло во Супер-лигата. Во центарот на вниманието е дерби дуелот во СЦ „Јане Сандански“ меѓу Вардар 1961 и ГРК Охрид. И двата тима имаат еднаков број на бодови (16) и ја делат втората позиција, кој ќе остане таму ќе биде познато токму вечерва (18 часот).

Вардар 1961 во продолжение на сезоната ќе биде под водство на актуелниот селектор на Аргентина, Ѓиљермо Милано, кој дојде на местото на Владо Недановски.

На врвот и натаму е Алкалоид без пораз, додека пак Пелистер кој има два порази ќе чека кикс на Вардар 1961, директниот конкурент за титулата. Битолчани по порвата победа во Лигата на шампиони, ќе се сретнат со Бутел Скопје, меч кој исто така се игра во 18 часот.

Во истиот термин силите ќе ги одмерат Радовиш и Пролет.

02.11.2024 – САБОТА
18:00 часот РК ВАРДАР 1961 – ГРК ОХРИД – пренос во живо на МРТ
18:00 часот РК РАДОВИШ – РК ПРОЛЕТ 62
18:00 часот РК БУТЕЛ СКОПЈЕ – РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
03.11.2024 – НЕДЕЛА
18:30 часот РК ПРИЛЕП – РК БИСИНОВ ФРУИТ ЛЕНД
ПретходноРаспродадено: “Дербито на Македонија“ ќе се игра пред преполни трибини!
СледноСе огласи и Новак по трагедијата во Нови Сад!