Веќе е пред пензија. Се очекува да настапи на СП во 2026 каде со Аргентина ќе се обиде да дојде до уште една титула светски првак, и тоа веројатно ќе биде крај на најблескавата кариера во историјата на фудбалот. Секако дека мислиме на Лео Меси, сегашниот член на Интер Мајами и капитен на Аргентина, кој за својата репрезенрацција досега одигра 189 мечеви и на нив постигна 112 голови.
Во интервјуто кое го даде на Фабрицио Романо, легендарниот Аргентинец одговори и на прашањето дали по завршување на кариерата има намера да биде тренер:
“Искрено не планирам да бидам тренер кога ќе завршам со играчката кариера. Тоа е нешто со што би сакал да се занимавам во иднина“ јасно порача Меси.