Се разбира кога имаш резултати, кога на последните две тешки гостувања, кај Шкендија и Тиквеш, се вратиш со 4 големи бода тогаш се е полесно, тогаш полесно се дише.
Така и во таборот на шампионот, во таборот на Струга Трим Лум. Па така на еден од последните тренинзи на момците на стратегот Ќатип Османи пред утрешниот меч кај Беса, се гледаа само насмевки кај играчите, посебно кај оние што беа под суспензија и од причини што раководството на клубот одлучи да ја укине во целост за петтмината играчи.