На денешниот прв собир на нашата репрезентација, еден од предводниците на овој состав, Филип Кузмановски, зборуваше за очекувањата од квалификациите и квалитетот на оваа селекција.
„Морам да ја пофалам позитивната енергија која ја има кај сите повикани ракометари. Таа ракометна форма која ја имаме моментално, треба да продолжи и понатаму. Не треба да размислуваме многу далеку, зато ашто не очекуваат квалификациите. Покажавме дека играме одлично во квалификациите, и против фарските острови покажавме дека сме една вистинска селекција која така треба да продолжи и во идинина. Нема да потцениме ниту еден противник. За сите ќе се подготвуиме максимално. Ја играме првата средба дома, очекувам публиката да дојде и да не бодри во голем број. Одиме чекор по чекор, ние сме млдата екипа, играчите играат во своите клубови и имамем доволно искуство кое треба да се пренесе во репрезентацијата и се надевам дека Македонија ќе биде повторно на едно големо првенство“, вели ракометарот на Е. Пелистер.