Берат Имери поднесе оставка од функцијата тренер на екипата на Беса. По денешниот пораз на домашен терен од скеипата на Струга ТЛ со 1:2, Имери реши да се повлече од тренерското место.
Имери изјави дека одговорноста за негативните резултати на тимот ја презема на себе и воедно му посакува успех на клубот во иднина. Интересно е што Имери беше не чело на прволигашот од Добри дол само 23 дена.