Скандал во НБА: Ембид нападна новинар!

161

Џоел Ембид од Филаделфија, една од најголемите НБА ѕвезди, седумкратен Ол-стар, два пати водечки стрелец на лигата, МВП минатата година и олимписки златен освојувач годинава, физички нападнал новинар во соблекувалната на Сиксерс по домашен натпревар против Гризлис.

Џоел прво вербално го нападнал Маркус велејќи му дека не смее да пошива текстови за неговото семејство, особено за неговиот брат, кој е починат. По неколку минути, Џоел го турнал Маркус, новинарот, но обезбедувањето и играчите на Сиксерс ја смириле ситуацијата.

Хејс често пишува критички за Ембиид во врска со она на што се жалат многу фанови на Сиксерс и неутрални љубители на кошарката, а тоа е дека пропушта премногу натпревари.

Особено што Филаделфија му плаќа 51 милион долари годишно. Но, сите се согласуваат и дека Хејс ја преминал границата во последниот текст во кој го критикуваше Ембид.

ПретходноМилан со „минималец“ кај Монца
СледноМагија на Јокиќ: Ова е најпаметниот играч во НБА! (ВИДЕО)