Тиквеш до втора радост, Феникс „падна“ во последната четвртина

55

Екипата на Тиквеш дојде до втората победа оваа сезона, на домашен терен славеше против Феникс со 97-84 во последниот меч од петтото коло во Првата лига. Кавадарчани се на осмата позиција со седум бода исто колку шестопласираниот Кожув, Гостивар и Куманово. Додека пак Феникс е 10-ти со една победа и 4 порази.

Грин имаше 25 поени и 8 асистенции кај победникот, зад него беше Златев со 21 поен. Кај поразениот состав Митревски имаше 23 поени.

Кавадарчани до целиот плен дојдоа благодарение на добрата игра во втората четвртина во која на стартот поведоа со 76-65, а потоа и со 89-77. По оваа негатива гостите немаа сили да се вратат во игра.

Феникс беше тврд противник, во втората четвртина го имаше водството во поголем дел, но успеа истото да го задржи до полувремето. Кавадарчани со серија од 5-0 изедначија на 35-35, а потоа и на одморот заминаа со минимална позитива од 44-43. Во продолжение успеаја да го наметнат својот ритам и да држат чекор кон победата.

ПретходноСпектакл во Битола: Шоу на “Чкембари“ и “’Комити“….(ФОТО)
Следно“Дерби на Македонија“: Пелистер победи со голот на Ивановски во 90+2.минута, Дианеси се изнапромаши! Дали Вардар е оштетен за два пенали?! (ВИДЕО)