Фудбалерите на Аталанта го победија Наполи со 3:0 на гостински терен во дербито од 11. коло во Серија А. Херој во победата на Аталанта беше Адемола Лукман, која постигна два гола, во 10. и 31. минута, по две одлични асистенции на Де Кетеларе.
Наполи трга на се или ништо, но тандемот Кварацхелија-Лукаку денеска беше немоќен. Антонио Конте дури реши да ги извади од игра во последните дваесетина минути.
Во судиското надополнување Аталанта го постигна третиот гол. Беланова центрираше, а Ретеги погоди за 0:3.
Наполи го забележа вториот пораз сезонава, но ќе остане лидер со 25 бода.