Пелистер – Вардар 1:0 е епилигот од вечерашното “Дерби на Македонија“ кое се одигра во спектакуларна атмосфера во Битола и тоа за првпат под светлоста на рефлекторите. Ова беше последниот меч од 13.коло во ПМФЛ.
Победничкиот гол беше дело на Ивановски во 90+2.минута, со што ги казни сите промашувања на врдарци
Реално не видовме којзнае каква спектакуларна игра, но кога се играат вакви дерби мечеви нема убавина, резултатот по секоја цена е приоритет. Посебно кога се игра пред преполни трибини.
Ова дерби почна со интонирање на химната на Македонија која беше испеана од околу 6.000 грла на стадионот “Петар Милошевски“ во Битола. Посебно шоу имаа двете навивачки групи “Чкембари“ и “Комити“ со свои закачки, но и со спектакуларна пиритехника.
Многу тактика, голема борба. Закани на Ивановски за Пелистер,
Се почна со заканата на Ивановски во 5.минута, но Гачевски брани, тоа беше лесен плен за голманот на гостите.
Неколку минути подоцна вардарци бараа пенал откако Омерагиќ центрираше а топката се одби од еден домашен играч, сепак судијата Јован Качевски покажа само играта да продолжи. Во 43.минута Мицевски спречи голема опасност по голот на гостите откако ја исфрли топката во корнер. Закариќ во 45+3.минута имаше зицер, имаше супер шанса, но сепак топката отиде над голот на домашните. Требаше да шутира.
Како што почна првото, така почна и второто полувреме, со закана на Ивановски, но нема и нема гол во Битола.
Следуваат десетина минути подобра игра на Вардар, се креираа акции, имаше и шанси. Во 62.минута Дианеси од 15 метри шутираше силно, но за воздишки кај фановоте на гостите. Топката за малку отиде над пречката.
Во следниот напад вардарци уште еднаш реагираа и бараа пенал, топката удри во раката на Гроздановски, но судијата Качевски не покажа на белата точка.
Следуваа минути во кои Пелистер воспостави рамнотежа на теренот, сега битолчани се закануваа кон противничкиот гол, но гол одново нема и нема. Секако дека второто полувреме е подобро, поквалитетно, имаше шанси Вардар како што веќе нагласивме, но сепак нема и нема гол(ови).
Во 79.минута Дианеси ја имаше и третата шанса за Вардар во второто полувреме, но пак не успеа.
Во 90.минута Донгмо центрира а Дианеси убаво шутира со глава, но домашниот голман брани фантастично. Лесно можеше да се случи Вардар да поведе, но нема среќа Дианеси.
И кога не се дава гол, следува казна. А тоа се случи во 90+2.минута преку Ивановски кога домашниот тим поведе и победи.
Вардар може да жали.