Лазаров денеска прозива – стартува мисијата пласман на ЕП 2026!

299

Македонската машка ракометна репрезентација после подолго време повторно е во центарот на вниманието. Селекторот, Кирил Лазаров и неговите избраниците пред себе имаат нова мисија – да обезбедат пласман на Европското првенство 2026 година кое ќе се одржи во Данска, Шведкса и Норвешка.

Во рамките на оваа ЕХФ недела, Македонија ќе одигра два квалификациски меча. На 6-ти ноември во СЦ „Борис Трајковски“ гостува Естонија (20 часот), додека четири подоцна нашите момци и гостуваат на Литванија.

Лазаров објави список со 20 имиња за двата квалификациски дуели, но како и секогаш состави листа на резервни играчи, истата се состои од осум ракометари.

Против Естонија во составот ќе го нема Филип Талески, а поради повреда нема да настапи Никола Костески, како и неговиот брат Ненад Костески, кој полека, но сигурно ќе враќа во форма по тешката повреда и долгата пауза.

ПретходноБањаја го победи Мартин и закажа спектакл во Барселона!
СледноНикој како Арне Слот – 8/10