Лазаров објасни зошто не ги повика Талески и Митревски!

877

За квалификациските дуелите против Естонија и Литванија за пласман на Европското првенство 2026 година, селекторот Кирил Лазаров одлучи да не го повика Филип Талески, кој до овој дуел имаше сигурно место во националниот тим. А на списокот на резерви се најде и Никола Митревски.

Лазаров на собирот отворено зборуваше за оваа тема. За Талески потенцира дека вратата не му е затворена, но дека во последниот период не бил на потребното ниво затоа шанса ќе добие Павле Атанасијевиќ.

Што се однесува до Митревски, идејата на Кире е да им даде шанса на младите да види како тие ќе функционираат кога го немаат како бекап искусниот голман.

ПретходноАталанта го посрами Наполи на „Диего Марадона“ (ВИДЕО)
СледноПМФЛ: 0:0 на Арената, супер голови на Јевтоски и Кехинде за супер пресврт на шампионот, Гостивар и Силекс победија на гости, Тиквеш пак не даде гол! (ВИДЕО)