Не може да одбие милијарда евра: Винисиус сака да замине во С.Арабија!

692

Винисиус Жуниор со денови е во центарот на вниманието на фудбалската јавност откако во понеделникот не ја доби Златната топка, поради што Реал Мадрид ја бојкотираше церемонијата на доделување на наградите што се одржа во Париз.

Флорентино Перез реши да ја искористи шансата кога Реал застана зад Винисиус и му понуди поддршка, а на Бразилецот му понуди нов договор, но беше изненаден кога рече дека се уште не е време за такви работи.

Винисиус одби да ја продолжи соработката, а веднаш потоа во центарот на вниманието на јавноста повторно се појави информација дека Бразилецот има неверојатна понуда од Саудиска Арабија која не може така лесно да ја игнорира.

Медиумите во Шпанија пишуваат дека еден од клубовите од С. Арабија му понудиле повеќегодишен договор вреден нереални милијарда евра, а доколку Бразилецот го прифати, би станал убедливо најплатениот фудбалер во светот.

Иако изјави дека не сака да го напушти Реал и дека целта му е што подолго да игра на големата сцена, се чини дека оваа астрономска понуда го натера сериозно да размисли.

Угледната Марка пишува дека договорот кој му е понуден на Винисиус досега не е виден во фудбалот и затоа Бразилецот не може така лесно да одбие покана од Саудиска Арабија.

Сепак, она што може да ги утеши навивачите на Реал Мадрид е тоа што Винисиус сигурно ќе игра за овој клуб следната сезона бидејќи не размислува за заминување следното лето.

Сепак, Марка тврди дека сега е многу веројатна опција Винисиус да ги спакува куферите и да замине во С.Арабија во летото 2026 година и дека наводно веќе го известил Перез за тоа.

Поради понудата која ја добил решил да им ги отвори вратите на клубовите од Саудиска Арабија бидејќи станал свесен колку пари се подготвени да дадат само за да го донесат, а такви суми навистина тешко се одбиваат.

Сепак, Винисиус не сака премногу да брза со своите потези и одлуки, а она што многу му одговара е тоа што клубовите од С.Арабија немаат поставено никаков ултиматум, понудата важи и за летото во 2026 година.

Бразилецот има договор со Реал до летото 2027 година, а во случај Винисиус навистина да реши да си замине од овој клуб, тогаш кралскиот клуб сигурно ќе инкасира минимум 100 милиони евра обештетување за него.

ПретходноФК Пелистер со важно известување до фановите!
Следно“Дерби на Македонија“: Спектакл, вечерва се пишува историја во Битола!