Никој како Арне Слот – 8/10

119
Фото: ФЦ Ливперул/Твитер

Менаџерот на Ливерпул беше првиот во историјата на клубот кој успеа да го одведе тимот до осум победи во првите десет кола од сезоната. Во саботата на „Енфилд“ Ливерпул во вториот дел го сврте мечот против Брајтон (2:1).

Така „црвените“ стигнаа до осмата победа сезонава, а воедно и го презедоа врвот по поразот од Манчестер Сити, а Арне Слот го запиша своето име во клупската историја.

Ниту еден менаџер на Ливерпул пред него не успеа да победи осум пати во првите десет кола на клупата на славниот клуб.

Навистина голем резултат кој, се разбира, нема да значи многу ниту за Слот, ниту за играчите доколку тимот не опстојува во овој ритам до самиот крај на сезоната.

Ливерпул сезонава беше поразен само еднаш и тоа од Нотингем на сопствениот стадион, а ремизираше и со Арсенал.

ПретходноЛазаров денеска прозива – стартува мисијата пласман на ЕП 2026!
СледноФК Пелистер со важно известување до фановите!