ПМФЛ: 0:0 на Арената, супер голови на Јевтоски и Кехинде за супер пресврт на шампионот, Гостивар и Силекс победија на гости, Тиквеш пак не даде гол! (ВИДЕО)

430

Завршија сите пет средби од 13 часот од 13.коло во ПМФЛ кои се играа попладнево.

Работнички и Шкендија во дербито на колото, во битката за врвот одиграа 0:0 на Арената. Имаше темпо овој меч, имаше шанси на двте страни, но на крајот и двете екипи мораа да се задоволат само со по бод. Па така Работнички и натаму е лидер, и натаму е единствена екипа без пораз во изминатите 13 кола.

Струга ТЛ со победа на гости кај Беса и тоа со 1:2. Домашните поведоа со голот на Велија во 49.минута, за да потоа гостите со прекрасните голови на Јевтоски од слободен удар и на Кехинде за само две минути, со супер пресврт дојдоа до три бода. Шампионот и дефинитивно се враќа во битката на титулата.

Гостивар со голот на Машике успеа да дојде до екстра значајна победа на Чаир и тоа со 0:1 кај Шкупи. Се чини дека со овој пораз Шкупи и дефинитивно заостанува во битката за врвот на табелата.

Брера – Силекс 0:1. Васоски удри по својот некогашен тим и со голот на Рајков уште во 16.минута успеаја кратовци да дојдат до големи три бода.

Тиквеш пак не даде гол, одигра 0:0 на гостувањето кај Воска. Ова што се случува со кавадарчани навистина е несфатливо во поглед на реализацијата.

Само пет голови на петте средби од терминот од 13 часот, голема неефикасност на прволигашките терени.

Вечерва во Битола од 19 часот се игра мега – дербито меѓу Пелистер и Вардар со што се заокружува 13.коло.

РЕЗУЛТАТИ – 13.КОЛО

БРЕРА – СИЛЕКС 0:1

(/Рајков 16.)

БЕСА – СТРУГА ТЛ 1:2

(Велија 49./Јевтоски 63., Кехинде 64.)



РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА 0:0

ШКУПИ – ГОСТИВАР 0:1

(/Машике 68.)

ВОСКА – ТИКВЕШ 0:0

ВЕЧЕРВА, 19 Ч

ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР

ПретходноЛазаров објасни зошто не ги повика Талески и Митревски!
СледноКузмановски: Чекор по чекор до уште еден настап на големо првенство