Прилеп преку Бисинов до планираните бодови

43

Екипата на Прилеп дојде до четвртиот триумф оваа сезона, откако на домашен терен славеше против Бисинов со 33-27 во рамките на послендниот меч од 10-то коло во Супер-лигата. Сега следи пауза поради ЕХФ-неделата.

Трајкоски со шест гола беше лидер кај победникот, на другата страна Ончев запиша девет погодоци.

Домаќинот отвори со 6-2, но гостите не му дозволија лесно да го наметне своето темпо. Беа на негатива од два до три гола, на одморот успеаја да намалат на 17-16. Ракометарите на Прилеп отпорот на противникот го урнаа во вториот дел. Со серија од 6-0 поведоа со 29-21 и го најавија триумфот.

ПретходноЈунајтед поведе и не издржа против Челзи
Следно“Дерби на Македонија“: Многу тактика, голема борба, зицер на Закариќ, на пауза се замина со 0:0!