Рафиња: Кога бев дете просев на улиците за храна

175

Ѕвездата на Барселона и бразилската репрезентација Рафиња ги сподели тешките моменти во неговото детство и како е тоа да се расте во бразилските фавели.

Имавме многу тешко детство. Надвор од нашиот дом се случуваа многу страшни работи. Кога си дете и живееш во фавела, просто се навикнуваш да гледаш луѓе кои носат оружје. Исто така и на фудбалските натпревари имаше навивачи кои одеа на стадион со оружје. Кога бев дете после тренинг валкан одев по улиците да барам храна и да просам. Бевме гладни, но немавме пари да купиме храна. Животот во Европа е многу поразличен и нема ништо заедничко со животот во Јужна Америка.

Асот на каталонскиот клуб исто така ја прокоментира и ситуацијата со расистичките навреди кон Винисиус Жуниор.

Потполно го разбирам и го поддржувам Вини во неговата битка против расистите. Тој е навистина добро момче кое секогаш се смее и се шегува. Toa e голем проблем што постојано го мачи и го разбирам тој гнев. Секако јас не можам да кажам што би направил на негово место бидејќи сеуште не сум се нашол во таква ситуација.

Рафиња е еден од најдобрите фудбалери на Барселона сезонава со одличен учинок од 6 гола и 8 асистенции.

ПретходноФото на дербито: Мирко покажа колку му е долг…. јазикот
СледноЛаутаро погоди во новиот триумф на Интер