Салах со уште еден импресивен подвиг на Островот

86

Големата ѕвезда на Ливерпул – Мохамед Салах, продолжува да пишува историја не само во англискиот клуб, туку и воопшто почнува да станува легенда на самата Премиер-лига.

Тој забележа уште еден импресивен подвиг на Островот откако синоќа постигна гол во победата над Брајтон.

Египќанецот го постигна својот 164. гол во англиската елита, оставајќи ги зад себе легендата на клубот Роби Фаулер (163) и поранешниот играч на Тотенхем – Џермејн Дефо (162).

Лидер на рангирањето е Ширер со 260 гола, а топ 3 ги комплетираат Хари Кејн (213) и Вејн Руни (208).

Доколку продолжи во истиот дух и ако не го следи уште една повреда, Египјанецот ги има сите причини до крајот на сезоната да измести уште најмалку двајца играчи на оваа листа.

ПретходноШтип УГД и Струмица со максимални победи, Борец во пет сета подобар од Работнички
Следно“Дербито на Македонија“ може да почне! “Чкембари“ се тука, се чекаат “Комити“… (ФОТО)