Во најголемото фудбалско дерби на Македонија, вечерва во прекрасна, фантастична атмосфера приредени од двете најголеми и најдобри навивачки групи во Македонија, Чкембари и Комити, Пелистер на свој терен со минимални 1:0 го совлада Вардар. За прв пат во вечерен термин во Битола овие два тима ги одмерија силите под рефлектори, а сите оние кои го наполнија стадионот Петар Милошевски во Битола, ќе имаат за што да зборуваат со месеци.
Прбично, за поговокот на Мирко Ивановски, детето на Пелистер кој на крајот од својата кариера се врати дома, и го постигна многу веројатно најдрагиот гол. Во последните секунди од мечот на акција на, Спиркоски, Љамчевски, Георгиев, Ивановски со удар од десетина метри реализираше за триумф. И за општа еуфорија, која фрлајќи се во прегратките на навивачите. Го соблече дресот, па доби црвен картон. Му се пушти на главниот арбитар Качевски, му се внесе во лице, па излезе од терен. Не изуми во сета оваа еуфорија да „позира“ и за фото на дербито, а веројатно и на колото, покажувајќи колку му е долг јазикот.