Ф1: Дожд, судири, црвени знамиња и пол-позиција за Норис

85

Силен дожд кој донесе и бројни судири и рекорден број црвени знамиња ги одбележаа квалификациите за Големата награда на Бразил во Формула 1 Квалификациите се одржаа денеска, бидејќи вчера условите не беа соодветни за возење.

Патеката беше екстремно влажна и денеска, што резултираше со голем број грешки. Пол-позицијата ја освои Ландо Норис, возач на Мекларен во многу тешки услови. Второто место го зазеде Џорџ Расел (Мерцедес), а третото Јуки Цунода (РБ Хонда).

Актуелниот шампион и актуелен лидер на возачите Макс Верстапен ќе ја започне трката од 17. место.

ПретходноЈанта Волеј во пет сета славеше во Струмица, Вардар ЕМ со сет против шампионот
СледноЛазаров со принудна промена во составот