Алборг го смени тренерот: Кај играчите недостига потребната „искра“ на теренот!

93

Уште една тренерска смена во Лигата на шампиони. Алборг во продолжение на сезоната нема да смета на услугите на германскиот стратег Мајк Махула, кој дојде ова лето. Данскиот клуб потврди дека соработката е спогодбено раскината.

До ваква промена дошло поради повеќе фактори, еден од нив е незадоволството од она што го испорачува тимот, како и недостигот на искра и добра атмосфера меѓу играчите.

Алборг во Лигата на шампиони е на четвртото место на табелата, со три победи, реми и три порази.

Помошникот Симон Дал ќе ја превзема улогата на главен теренер, додека искусниот ракометар Хенрик Молград ќе стане и помошник во стручниот тим.

Претходно“Дерби на Македонија“: Спектакл, вечерва се пишува историја во Битола!
СледноСолзи и емоции: Торонто го повлече дресот со број 15 во чест на легендарниот Винс Картер (ВИДЕО)