Без поголеми проблеми и со голови постигнати во првиот дел, тимот на Барселона предмалку со конечни 3:1, славеше во дуелот против градскиот ривал, тимот на Еспањол.
На два пати Дани Олмо и еднаш Рафиња беа доволни до 31. минута од мечот Барса да има веќе огромни 3:0 по што веќе победникот на овој меч беше јасен.
Еспањол се врати во вториот дел преку Пуадо и намали на 3:1, но тоа беше се што можеше овој тим да направи против реално поквалитетниот противник.
Со овој триумф Барселона продолжи победничкиот низ, и го освои веќе 33. бод сезонава што секако го остава клубот на лидерската позиција на табелата, додека пак, Еспањол со десет бода е 17. на табелата.