Последниот дуел од програмата во шпанската Примера вечерва го одиграа екипите на Атлетик Билбао и Бетис. Мечот заврши без победник, 1:1, екипите ги поделија бодовите, и едноставно како што ја тераат сезонава, личат една на друга што се вели.
Собраа по 19. бодови обете, ги заземаат шестото односно седмото место на табелата, а единствената разлика е што Билбао има шест гола повеќе дадено, а и два повеќе примено.
Што се однесува до самиот меч, по мирното прво полувреме, гостите поведоа преку Форналс во 52. минута, а Беренгуер израмни во 68. минута.