Верстапен најдобар на Интерлагос

101

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен победи на трката за големата награда на Бразил поточно на патеката Интерлагос, на 21. трка во овогодинешната Формула 1 сезона. Истата може слободно да се окарактеризира како хаотична, затоа што во неа имаше одложување, прекин, безбедносно возило, и во еден период виртуелно безбедносно возило.

Од друга стррана, трикратниот светски шампион дојде во првата победа по месец јуни кога победи во Шпанија, а вкупно осми пат сезонава. Тоа Верстапен го стори на помалку неверојатен начин стартувајќи од 17. позиција. На втората позиција се најде Естебан Окон додека трет беше Пјер Гасли.

Од друга страна пак, главниот конкурент на Верстапен за титулата Ландо Норис заврши дури шести, што ќе рече дека сега бранителот на титулата има цели 62 бода предност на три трки до крајот.

 

 

ПретходноИвановски елиминиран во квалификациите на Челинџерот во Хелсинки
СледноЈунајтед поведе и не издржа против Челзи