“Дерби на Македонија“: Спектакл, вечерва се пишува историја во Битола!

1980

Пелистер против Вардар, вечерва од 19 часот на стадионот “Петар Милошевски“ во Битола, име кое буди емоции кај фановите на двата клуба. Легендарниот голман на Македонија.

Вечерва се пишиува историја во “градот на конзулите“, имено вечерва за првпат се игра под светлоста на рефлекторите во Битола. Овој град доби нов стадион, овој град доби и рефлектори и како што личи, тие ќе бидат пуштени во употреба во натпревар токму против вечниот ривал.

Има уште еден историски податок. Имено не се памети во самостојна Македонија, овие 33 првенства, да се продадат сите билети за меч од ПМФЛ на два дена пред почетокот.May be an image of text

Ете, Битола тоа го направи, се разбира дека билети купиле фанови и од други градови, но битолчани денеска се “главни“.

Фудбалска Македонија е на нозе, кога играат Пелистер и Вардар тоа е настан бр.1 во државата. Секоја чест за останатите дерби средби како Вардар – Шкендија, Работнички – Вардар или Шкупи – Шкендија, па и Вардар – Силекс некогаш, но ова дерби меѓу Пелистер и Вардар е нешто посебно па и поради “Чкембарите“ и “Комитите“ кои вечерва ќе бијат навивачка битка за тоа кој е подобар.

Вечерва ако не си на стадион тогаш не те бидува за ништо, барем така велат битолчани. Вечерва ако не си фан на Пелистер или Вардар тогаш за кого си?

Нека биде спектакл, нека биде “Дерби на Македонија“ за паметење, нека виде фудбалско уживање.

ПретходноНе може да одбие милијарда евра: Винисиус сака да замине во С.Арабија!
СледноАлборг го смени тренерот: Кај играчите недостига потребната „искра“ на теренот!