Завршија сите пет средби од 13 часот од 13.коло во ПМФЛ кои се играа попладнево.
Работнички и Шкендија во дербито на колото, во битката за врвот одиграа 0:0 на Арената. Имаше темпо овој меч, имаше шанси на двте страни, но на крајот и двете екипи мораа да се задоволат само со по бод. Па така Работнички и натаму е лидер, и натаму е единствена екипа без пораз во изминатите 13 кола.
Струга ТЛ со победа на гости кај Беса и тоа со 1:2. Домашните поведоа со голот на Велија во 49.минута, за да потоа гостите со прекрасните голови на Јевтоски од слободен удар и на Кехинде за само две минути, со супер пресврт дојдоа до три бода. Шампионот и дефинитивно се враќа во битката на титулата.
Гостивар со голот на Машике успеа да дојде до екстра значајна победа на Чаир и тоа со 0:1 кај Шкупи. Се чини дека со овој пораз Шкупи и дефинитивно заостанува во битката за врвот на табелата.
Брера – Силекс 0:1. Васоски удри по својот некогашен тим и со голот на Рајков уште во 16.минута успеаја кратовци да дојдат до големи три бода.
Тиквеш пак не даде гол, одигра 0:0 на гостувањето кај Воска. Ова што се случува со кавадарчани навистина е несфатливо во поглед на реализацијата.
Само пет голови на петте средби од терминот од 13 часот, голема неефикасност на прволигашките терени.
Вечерва во Битола од 19 часот се игра мега – дербито меѓу Пелистер и Вардар со што се заокружува 13.коло.
РЕЗУЛТАТИ – 13.КОЛО
БРЕРА – СИЛЕКС 0:1
(/Рајков 16.)
БЕСА – СТРУГА ТЛ 1:2
(Велија 49./Јевтоски 63., Кехинде 64.)
РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА 0:0
ШКУПИ – ГОСТИВАР 0:1
(/Машике 68.)
ВОСКА – ТИКВЕШ 0:0
ВЕЧЕРВА, 19 Ч
ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР