Јанта Волеј во пет сета славеше во Струмица, Вардар ЕМ со сет против шампионот

51

Дерби дуелот на 4. коло од домашниот шампионат кај дамите заврши во драматична завршница со пет сета и меч со неколку пресврти. Одбојкарките на Наковски Волеј и Јанта Волеј понудија одлична одбојка, која донесе узвонредно интересен прв сет кој им припадна на гостинките на разлика, по што во вториот сет скопјанки славеа со 25:19 за предност и од 2:0.

Наковски Волеј се врати во следните два сета и успеа мечот да го донесе во тај-брејк, кој на крајот на една топка им припадна на гостинките.

Дуел во пет сета се играше и во Кичево, каде новајлијата во елитата беше на чекор до победа, но Фит Фан Волеј го обезбеди вториот триумф добивајќи го петтиот сет на мечот.

Интересно беше и во Скопје на мечот меѓу Вардар ЕМ и Работнички, каде домашните одбојкарки успеаја да освојат сет против шампионот. Голема победа во ова коло остварија и штипјанки, кои на домашен терен со максимални 3:0 беа подобри од минатогодишните вицешампионки, Струмица.

ПРВА ЛИГА – ЖЕНИ / 4. КОЛО

УСКАНА ВОЛЕЈ – ФИТ ФАН ВОЛЕЈ 2:3 (23:25, 25:23, 25:17, 16:25, 13:15)

ВАРДАР ЕМ – РАБОТНИЧКИ СКОПЈЕ 1:3 (25ч19, 12:25, 18:25, 14:25)

МЛАДОСТ УГД – СТРУМИЦА  3:0 (25:20, 25:22, 25:12)

НАКОВСКИ ВОЛЕЈ – ЈАНТА ВОЛЕЈ – КВ 2:3 (24:26, 19:25, 25:21, 25:22, 13:15)

TАБЕЛА: 1. Работнички (12), 2. Јанта волеј (11), 3. Наковски Волеј (10), 4. Фит Фан Волеј (5), 5. Младост УГД (3), 6. Струмица (3), 7. Вардар ЕМ (2), 8. Ускана Волеј (2).

ПретходноПолувреме: Супер неефикасно, само еден гол и тоа во Струмица, Силекс води!
СледноФ1: Дожд, судири, црвени знамиња и пол-позиција за Норис