Големото премиерлигашко дерби викендов помеѓу екипите на Манчестер Јунајтед и Челзи кое предмалку се одигра на Олд Трафорд, заврши со конечни 1:1. Поделбата на бодовите за повеќето е реална затоа што двата тима имаа во еден момент стопроцентни шанси, го погодуваа оквирот на голот, пред се во првиот дел, и се надеваа на трите бода.
Сепак, истото не се случи ниту за домаќинот, кој во 70. минута преку Бруно Фернандеш поведе од пенал, ниту пак за Челзи кој израмни четири минути подоцна преку Каиседо.
Челзи со овој драгоцено освоен бод од Олд Трафорд се позиционира на четвртото место, со 18 бодови, додека пак Јунајтед е далеку од врвот со своето дванаесто место во моментов.