Бразилската мега – ѕвезда Нејмар навистина нема среќа. Откако пред две недели се врати по долгата, едногодишна пауза поради кинење на вкрстените лигаменти, денеска на мечот во Лигата на Шампионите на Азија, фудбалерот на Ал Хилал пак се повреди. Нејмар против Естегал, влезе во игра во 58.минута, но во 87.минута мораше да го напушти теренот, Првичните прогнози се дека станува збор за задната ложа, но исто така не е познато колку ќе паузира.
Инаку головите на овој меч за победа од 3:0 на тимот од С. Арабија, беа дело на Александар Митровиќ.