Тренер на НЕЦ доживеа срцев удар на мечот против Гронинген

149

Иако тимот на НЕЦ Нијмеген на викенд дуелот против Гронинген забележа огромна победа од 6:0 сепак, резултатот, како и целиот меч остана во сенка на немислиот настан кој се случи. Имено, за време на дуелот, помошникот тренер на НЕЦ, Рон Де Грот доживеа срцев удар. Лекарскиот тим веднаш обави реанимација, со возило беше пренесен во болница, за да стручен тим врз него одработи сериозна интервенција.

Де Грот сега се чувствува добро, но ќе биде задржан во болница уште некое време.

„Имавме разговори со докторите, кои ни ја опишаа неговата моментална ситуација, и тој се чувствува добро. Од претпазливост, ќе мора да биде во болница уште некое време како би се утврдило што е причината за срцевиот удар. Најважно е што е тој добро и дека се ќе биде во ред“  – стои во соопштението на клубот.

 

 

ПретходноТИМ И ИГРАЧ НА 13.КОЛО: Ивановски за еуфорија во Битола
СледноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Марсио Мерт Нобре (Гостивар)