Вчерашниот ден ќе се памети во фудбалска Македонија. Исполнета трибина, првпат под рефлектори во Битола играше Пелистер а гостуваше вечниот ривал Вардар. Имаше повеќе моменти за одбележување, фантастична кореографија, имаше и пиротехника, за да на крајот се радуваа битолчани и Чкембари.
Секако дека и Комити, ги имаше околу 1.000, беа во елемент кои во еден момент и тоа како знаеја да ги “пецнат“ домаќинините и во врска со рефлекторите.
Токму поради инвентивноста на авторот или авторите на оваа порака, според „СпортСпорт“ ова е фото на 13.коло.