Анчелоти: На кого му е до фудбал по трагедијата во Валенсија

252

Неделава на програмата повторно е фудбалската Лига на Шампиони во која главен збор секако ќе има дуелот помеѓу Реал Мадрид и Милан. Клучен момент секако е легендарниот стратег Карло Анчелоти кој има грст титули освоени и со двата клуба. Легендата на Милан, играчка и тренерска сега со успех веќе години го води Реал, но малку му се зборуваше на фудбалски теми на официјалната прес конференција пред овој дуел поради катастрофата која што се случи во Валенсија и многуте загубени животи во поплавите. Особено што токму Реал и Валенсија требаше да го одиграат својот дуел.

„Помина една недела откако се случи трагедијата, но во нашата соблекувална се уште владее тага за тоа што ни се случи. Многу сме блиску до Валенсија и сите други места каде се случи целата оваа трагедија. Ние сме дел од оваа земја и ова што се случува не може да влијае на нас. Немаме никакви можности да влијаеме на тоа што се случува, не сакам да коментирам ниту за политика. Секако, тешко е да се зборува за фудбал во овој момент. За мене утрешниот натпревар е посебен секако. Фудбалот е забава, но можете да се забавувате кога вашето семејство и луѓето околу вас се добри“, прокоментира Анчелоти.

Италијанецот изјави дека е задоволен од наградата за најдобар тренер и нагласи дека Винициус добро тренирал по скандалите околу „Златната топка“. Бразилскиот крилен напаѓач важеше за фаворит за трофејот, но на крајот тој му припадна на Родри од Манчестер Сити . Мадриѓаните решија да ја бојкотираат церемонијата, што доведе до уште поголеми скандали и расправии.

„Среќен сум со наградата, но Златната топка веќе помина и мора да им честитаме на победниците. Винисиус сфаќа што се случило и тренира нормално со сите останати. Тоа што немавме натпревар за време на викендот добро влијаеше на ситуацијата“, сподели Италијанецот.

 

ПретходноКоментар на 13.коло: Спектакл во Битола, дури пет екипи во битка за титулата!
СледноИсториски успех за македонскиот велосипедизам: Елена Петрова освои подиум во Турција