Ашаданов со десет кошаркарки ги стартуваше мини-подготовките за дуелите со Украина и Португалија

59

Македонската женска кошаркарска репрезентација стартуваше со мини-подготовките за квалификациските мечеви против Украина и Португалија. Селекторот Александар Ашаданов и неговиот асистент Атанас Димов на првиот тренинг на располагање имаше десет кошаркарки: Анџелика Митрашиновиќ, Илина Селцова, Мерит Хемпе, Милица Николиќ, Нена Трајчевска, Ивана Кметовска, Катерина Поп-Димитровска, Ања Начевска и Михаела Алексовска.

На тренингот во салата на СРЦ „Кале“ присуствуваше и Матеја Николиќ, која се пожали на болки во пределот на коленото, па ќе треба да оди на дополнителни лекарски прегледи за да се утврди за што станува збор

„Очекувам веќе на вечерашниот тренинг да бидеме комплетни. Односно да ги имаме на располагање сите 12. кошаркарки. Елена Тасевска имаше обврски на факултетот, додека Александра Стојановска поради транспортните конекции, ќе биде во Скопје попладнево, и ќе биде на тренинг уште вечерва“, изјави Ашаданов. 

„Секој циклус е сличен на претходните. Исклучок не е ни овој ноемврисми ‘прозорец’ на ФИБА. Во овие неколку тренинзи ќе се обидеме да ја поставиме нашата игра, да ги анализираме противниците. Прв противник ни е Украина, селекција со која не сме се сретнале во изминатите години, додека многу повеќе податоци, извесно, имаме за Португалките. Целта останува иста, да се обидеме сите заедно да дојдеме до некоја победа, ќе ни значи многу на сите нас“.

На 7.ноември (од 18.часот), сме домаќини на репрезентацијата на Украина a три дена подоцна, во истиот термин, исто така во Скопје, во салата на СРЦ „Кале“ го дочекуваме составот на Португалија.

ПретходноЕкс-фудбалер на Атлетико го плукна судијата откако му сврте грб (ВИДЕО)
СледноДва од трите противниците на Македонија на ЕП 2024 се сериозни кандидати за медал!