Екипата на ФК Вардар после вчерашниот пораз од Пелистер на гостински терен од 1-0 се раздели со тренерот, Срѓан Захариевски. Од клубот известија дека спогодбено е раскината соработката.
Иако под негово водство се очекуваше „црвено-црните“ да заиграат многу подобро и да остварат подобри резултати, сепак тоа не се случи. Вардар после 13-то коло е последен на табелата во ПМФЛ со осум бода. Тој го водеше тимот на девет меча, има победа, две ремија и шест порази.
Информација
АД ФК Вардар и шефот на стручниот Срѓан Захариевски утрово спогодбено ја раскинаа соработката.
АД ФК Вардар му благодари за несебичниот ангажман,максималниот вложен труд и голема желба за успех.
За личности како Срѓан Захариевски вратите на АД ФК Вардар се секогаш…— FCVardar (@VardarFC) November 4, 2024
Захариевски е трет тренер на клупата на Вардар оваа сезона.