Лацио освои три бода, двајца играчи на Каљари беа исклучени за неколку секунди!

51

Лацио – Каљари 2:1 е епилогот од вечерашниот дуел на “Олимпико“ во Рим, во меч од 11.коло во Серија А. Стрелци на головите за домашниот состав беа Диа во 2.минута за 1:0 и Закањи од пенал во 75.минута за 2:1. Голот за гостите беше дело на Лувумбо во 41.минута.

Во 78.минута видовме несекојдневна ситуација, имено за само неколку секунди гостите останаа со двајца играчи помалку. Прво поради фаул мина доби втор жолт, односно црвен картон, за да потоа Адопо поради приговор исто така доби втор жолт, односно црвен. Па така Каљари до крајот играше со деветорица.

ПретходноНејмар пак се повреди! Митровиќ со хет – трик! (ФОТО)
СледноСамо во ПЛ: Фулам до 90+2.минута губеше со 0:1, за да на крајот да победи! (ВИДЕО)