Серхио Рамос конечно најде клуб – ќе игра за двојно помала плата

822

Серхио Рамос ја напушти Севиља, но и европскиот фудбал. Иако се шпекулираше дека би можел да се врати во Реал Мадрид, неговата следна дестинација е Аргентина.

По заминувањето од Севиља ова лето, шпанскиот дефанзивец Серхио Рамос се уште е слободен играч. Во последните нешто повеќе од седум дена Серхио Рамос е во преговори со Бока Јуниорс и работите се до крај.

„Монитор до Меркадо“ објави дека Серхио Рамос се согласил да игра за Бока Јуниорс оваа зима и дека неговото деби ќе биде во февруари 2025 година.

Споменатиот извор наведува дека стоперот ја чекал „совршената понуда“, откако одбил одредени понуди од Саудиска Арабија и САД.

„Тој избра да чека прилика која одговара на неговите професионални и лични цели. Односот со Фернандо Гага е аргумент кој ќе му ја олесни преселбата во Аргентина. Врската меѓу двајцата, поранешни соиграчи во Реал Мадрид, може да биде клучна за прилагодувањето на Рамос во неговиот нов клуб.

Иако платата што ја нуди Бока е очигледно помала од онаа што ја имаше Рамос во Севиља, економскиот аспект не се чини дека е пречка. Финансиската понуда, во комбинација со шансата да се доживее нова фудбалска култура, ја задоволува желбата на Рамос да остане конкурентен, но и да обезбеди рамнотежа меѓу кариерата и приватниот живот“, пишува „Монитор до Меркадо“.

Откриена е и неговата плата. Во Севиља заработуваше 11 милиони евра по сезона, а во Бока ќе биде пет милиони евра.

Да потсетиме, Серхио Рамос нема играно од 26 мај кога играше за Севиља против Барселона на крајот од Ла Лига.

ПретходноГалевски: Тука сум да ја оправдам довербата! Ги респектираме сите, но наша цел е победа!
СледноЕдна од најмоќните баклијади: Полјаците запалија 800 факели (ВИДЕО)