ТИМ И ИГРАЧ НА 13.КОЛО: Ивановски за еуфорија во Битола

253

Се играше 90+2.минута, резултатот беше 0:0 меѓу Пелистер и Вардар во вечното дерби, и тогаш на сцена стапи искусниот капитен на домашните Мирко Ивановски, постигна убав гол за 1:0 и за победа на Пелистер. Кога на ваков начин ќе го решиш “Дербито на Македонија“, тогаш нема дилеми дека според “СпортСпорт“ си играч на 13.коло.No description available.

Покрај Ивановски од Пелистер во тимот на колото е и Ристевски. Останатите во идеалниот состав се Алексовски и Рашид (Работнички), Рајков, Донов и Додев (Силекс), Јевтоски и Кехинде (Струга ТЛ), Машике и Хусмани (Гостивар).

ИГРАЧ НА КОЛОТО

МИРКО ИВАНОВСКИ

Тим: Пелистер

Роден: 31.10.1989 во Битола

Кариера: Пелистер, Македонија ЃП, Славија Прага, Арка, Астра, Клуж, Видеотон, Болуспор, Славен Белупо, Хајдук, Диожѓер, Динамо Букурешт, Петролул, Конкордија, Тунари, Пелистер

ПретходноИвановски: Битола и Чкембари, ова беше за вас!!!
СледноТренер на НЕЦ доживеа срцев удар на мечот против Гронинген