Иако се очекуваше со својата младост и секако неспорно мега – талент, да добива поголема минутажа оваа сезона во Реал Мадрид, сепак Ендрик го нема во плановите на Дон Карло Анчелоти. Досега одигра само 67 минути во ЛШ и 40 минути во Ла Лига, помалку и од Арда Ѓулер.
Факт е дека конкуренцијата во нападот на “кралевите“ е голема, тука се Мбапе, Винисиус, Родриго, но сепак се очекуваше младиот Бразилец да добие адекватна шанса.
Последните информации од Мадрид велат дека раководството на “кралевите“ го советувале Ендрик да оди на позајмица и дека може самиот да одбере во кој клуб сака, иако даден му е и совет дека најдобро за него уште во јануари убаво ќе биде да оди во Јувентус или Тотенхем.