Захариевски и ФК Вардар спогодбено ја раскинаа соработката!

2181

Екипата на ФК Вардар после вчерашниот пораз од Пелистер на гостински терен од 1-0 се раздели со тренерот, Срѓан Захариевски. Од клубот известија дека спогодбено е раскината соработката.

Иако под негово водство се очекуваше „црвено-црните“ да заиграат многу подобро и да остварат подобри резултати, сепак тоа не се случи. Вардар после 13-то коло е последен на табелата во ПМФЛ со осум бода. Тој го водеше тимот на девет меча, има победа, две ремија и шест порази.

Захариевски е трет тренер на клупата на Вардар оваа сезона.

ПретходноЕдна од најмоќните баклијади: Полјаците запалија 800 факели (ВИДЕО)
СледноВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА спонзор на ФК Аеродром 2018 Скопје