ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Марсио Мерт Нобре (Гостивар)

218

Познато е дека на Чаир тешко се освојуваат бодови, тешко се победува. Шкупи и кога бил послаб не им давал никакви шанси на своите гости а камо ли сега кога чаирчани имаат добра екипа и кога трите бода пред дуелот со Гостивар и тоа како беа приоритет.

Сепак гостиварци на чело со својот нов тренер Марсио Мерт Нобре, инаку Бразилец со турски пасош, знаеја што сакаат. Оваа беше и турски тренерски дуел ако се знае дека стратег на Шкупи е Алпарсан Ердем. Гостите беа подобри, со голот на Машике славеа значајна победа, тактиката на Нобре се покажа како успешна и затоа според „СпортСпорт“ е тренер на 13.коло.

ПретходноТренер на НЕЦ доживеа срцев удар на мечот против Гронинген
СледноСалах: Ливерпул го заслужува само првото место