МЗТ Скопје не успеа да дојде до посакуваниот триумф, кој ќе го направеше патот кон пласман во следната рунда во АБА2-лига, а со тоа ќе ги зголемеше надежите дека кам-бекот во елитата е реалност.
Македнскиот првак успеа да се врати од негативата од 13 поени на одморот, да поведе и да се најде на чекор до триумфот, но во решвавачките моменти се случија грешки кои не се простуваат на меѓународна сцена. Едвин направи неспортска лична грешка, а во последниот напад Слај не реализираше за голема радост, на крајот поразот беше минимален (68-67), но болен.
Васко Атанасов беше краток во анализата по мечот.
„Имавме добар напад. За нас ова е не знам кој натпревар во низа кој го губиме на еден напад. Ништо, тоа е тоа, го гледаме календарот за следниот натпревар и тоа е тоа“, изјави младиот тренер на МЗТ Скопје.