Слот има голема јануарска желба, но се прашува и Барса!

373

Марк Касадо (21) кој оваа сезона игра во фантастична форма во дресот на Барселона е големата јануарска желба на Ливерпул, односно на менаџерот Арне Слот.

И покрај тоа што “Редси“ имаат фантастичен среден ред, а тимот досега игра во страшна форма, сепак Слот смета дека со Касадо неговиот тим ќе биде уште посилен.

Јасно е дека за евентуален трансфер на Островот се прашува и Барселона, и тоа како, ако се знае дека младиот играч за врска со каталонскиот гигант има договор до 2028 година.

Покрај Ливерпул, за Касадо не го кријат својот интерес и Манчестер Јунајтед и Њукасл.

ПретходноПрволигашкото 14.коло се игра в сабота!
СледноГостински предизвици: МЗТ Скопје и Работнички во слична „каша“ во АБА2-лига!