Соиграч на Ристовски и Адеми ја одбил понудата на Реал Мадрид!

410

Мартин Батурина (21), играчот за врска на Динамо Загреб, соиграч на Стефан Ристовски и Аријан Адеми и репрезентативец на Хрватска, ја обил понудата на најголемиот клуб во светот, на Реал Мадрид. Како што пренесува германскиот “Скај Спорт“, му понудил петгодишен договор со напомена кога ќе дојде во Мадрид веднаш да биде проследен на позајмица со цел да се адаптира во Шпанија. Сепак Батурина и неговиот Динамо Загреб ја одбиле оваа понуда.

Јасно е дека препораката за младиот Хрват дошла од легендата на “кралевите“ Лука Модриќ, но барем засега Реал нема да го добие Батурина.

Треба да се каже дека пред извесно време клубот од Загреб одбил неверојатна понуда од Фиорентина вредна 18 милиони евра плус бонуси за Батурина.

ПретходноБрутална партија на Јокиќ со нов трипл-дабл и победа на Денвер! (ВИДЕО)
СледноОфицијално: Гоце Седлоски е нов тренер на Вардар!